Груби се сретна со првиот човек на ИВЗ

100

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се сретна со вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

За време на оваа средба, Груби му пренесе на Фетаху дека Владата континуирано прави напори за негување на меѓуверската хармонија во Република Северна Македонија и дека Владата внимателно ќе продолжи да ги решава прашањата кои се важни за Исламската верска заедница и за другите верски заедници во земјата.

Фетаху му кажа на Груби дека припадниците на исламот коегзистираат во посебна хармонија со припадниците на другите вери, со што на земјата ѝ се дава тон на толерантна држава и посветена на социјален, економски развој итн.

Двајцата соговорници разговараа и за активностите на Исламската верска заедница и нивните средби со сестринските организации, како и за негувањето на добрите меѓучовечки, меѓурелигиски и меѓуетнички односи.

Соговорниците исто така разменија мислења и за прозападната ориентација на земјата и за продлабочувањето на соработката на Владата со Исламската верска заедница, како и за определбата на Република Северна Македонија да создаде еднакво општество за сите.