Груби: Исполнети се сите неопходни реформи, очекуваме ЕУ да ги исполни ветувањата

82

Сите неопходни реформи се исполнети, очекуваме ЕУ да ги исполни ветувањата, рече претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, на средба со делегација на Одборот за европски работи на Саборот на Република Хрватска, предводена од претседателот на одборот, Домагој Милошевиќ.

Груби посочи дека Македонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Европската унија, што претставува јасен доказ дека ние нашиот дел сме го завршиле.

Милошевиќ истакна дека ги цени напорите, напредокот и реформите кои државата ги направила за приближување кон ЕУ. Во однос на билатералната соработка посочи дека негуваме одлични односи и повика на продлабочување на таа соработка и во други области како што се младинските политики и економијата.