Граѓански активисти од СУМ протестираа против промена на името

119

Пред најавената средба на Заев – Ципрас денеска во Софија, за која се најави клучен „чекор напред “ во изнаоѓање на „заемно прифатливо решение за спорот со името“, граѓански активисти на СУМ (Сите за Унитарна Македонија) утрово од 9 до 10 часот излегоа на раскрсниците пред Собранието на РМ и пред Владата на РМ, со транспаренти на кои пишуваше „Свирете против промена на Името“.

Возачите на овие фрекфентни сообраќајници, а пред највисоките државни институции, реагираа на повикот со свирежи, кои и на овој начин изразија поддршка на активностите во одбрана на уставното име.

Од СУМ најавуваат дека ќе продолжат со организирање и други, помали по обем акции, во знак на протест кон актуелата власт за чекорите што ги презема во преговорите со Грција.