Гори и во Гевгелиско

305

Пожар избувна денеска и во Гевгелиско. Како што информира Центарот за управување со кризи, активен пожар на стрништа и сува трева по ниви има долж пругата од селото Мрзенци кон селото Давидово.

Во гаснењето учествуваат екипи од ТППЕ Гевгелија со 20 пожарникари и 4 возила, а на помош во гасењето на пожарот се вклучени и ТППЕ Валандово и доброволното противпожарно друштво Дојран.