Голем дел од патничките возови нема да сообраќаат за време на викендите

44

Поголем дел од патничките возови нема да сообраќаат во деновите за викенд (сабота и недела), информира Железници на Република Македонија.

Измената во возниот ред следи по владината одлука со која ограниченото движење во деновите на викендот ќе започнува во 16 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден.

Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23 март.

– Исто така ги известуваме патниците дека во понеделник 30.03.2020 година, возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да отпатува воз поради полицискиот час – информираат од Железници.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 март.