Втор уписен рок на факултетите, нема место само на Медицински

199

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска почнува вториот уписен рок.

Утре и в понеделник се уписите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а на 16 и 17 септември на „Гоце Делчев“ во Штип. Веќе во тек е вториот уписен рок на Државниот универзитет во Тетово.

На сите факултети на најголемиот универзитет во Скопје има место во вториот уписен рок, освен на Медицински, каде што државните и приватните квоти се пополнија уште во првиот.