Времето утре сончево со температура до 31 степен

90

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, по должина на Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Во петок и сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.