Времето сончево со мала облачност

57

Времето во земјава ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец. Утрото свежо, а преку денот потопло. Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од 10 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец. Утринската температура ќе достигне до минус еден степен, а дневната температура до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала облачност. До понеделник утринските температури на места ќе се спуштаат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.