Времето денес сончево со температура до 36 степени

80

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината, информира УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 28 до 36 степени. Поради високите температури утре вдолж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 12 до 34 степени.

Утре попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сѐ уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.