Времето денес сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

143

Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата. Минималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне претежно сончево, преку денот топло, но со умерен до повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде од 19 до 35 степени.

Во наредниот период ќе се задржи топлото време, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде утре.