Времето денес облачно и врнежливо со температури до 23 степени

121

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје, предпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.