Времето денеска сончево и студено

115

Времето денеска ќе биде сончево и особено наутро студено, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој по должина на Повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 8 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степена, јави УХМР.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. В четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд.

Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.