Во штипскиот затвор отворено катче за децата на осудените лица

165

Штипскиот затвор е прв ко ј отвори катче за децата на осудените лица. Согласно препораките на Советот на Европа донесени годинава, секоја казнена институција во државата треба да има ваква просторија, каде би престојувале децата при посета на своите родители.

– Н а овој начин, барем во мала мера, ќе ја надополниме празнината во животот на дечињата, која настанува како резултат на отсуството на еден од родителите . Ресоцијализацијата е најважан процес при издржување на затворската казна, кој ќе овозможи осудениците по излегување од инстиуцијата да се инкорпорираат во општественото живеење. Тоа би било невозможно доколку не се обезбеди емоционално, психолошко и социјално закрепнување на осуденото лице, вели Мики Тодоров, директор на Затвор-Штип.

Сивилото, високи ѕидови остануваат трајно врежани во сеќавањето, стресовите и аксиозноста се дел од психичката состојба на децата чии родители издржуваат казна затвор. Во земјава има од 3.500 до 4.000 деца чии родители се осудени лица, а на ниво на Европа има 2. 100.000 деца.

Мавриди Капричаров, раководител на Секторот за ресоцијализација во Затвор Штип, забележува дека казната е насочена кон родителот, а во овој случај децата се само колатерална штета.

– Не е мал број на случаи, кога тие исти деца во раната возраст, кога посетуваат казнено поправна установа, односно кога одат во посета на своите родители, самото присуство во затворот го доживуваат трауматично, анксиозно, полно со страв и стрес , вели Капричаров.

Директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ истакна дека вакви детски катчиња ќе се отворат и во останатите казнено поправни институции во земјава.

– Д а покажеме дека како Управа и управите на затворите се стремиме кон европската заедница и затоа правиме максимални напори, притоа водиме сметка за функционално трошење на буџетот кој што е ист како и претходните години , вели Стојановиќ.

Тој додаде дека во изминатите 13 месеци во затворите во земјава се вложени 3.500.000 евра, кои се добиени како грантови од ЕУ или од други донатори. Смета дека се подобруваат условите во затворите,а најави дека во Затворот во Идризово ќе се гради и комплетна судница, а ќе се реконструира и битолскиот Затвор, каде што притоворското одделение е затворено, бидејќи не ги задоволува стандардите. вдј/лв/16:06