Во случај на евакуација Амбасадата во Кина е подготвена да ги води нашите државјани низ процедурите

111

Министерството за надворешни работи продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот во Кина и мерките што се преземаат за негово сузбивање.

Во тој контекст особено внимание се посветува на државјаните што престојуваат во загрозените подрачја, особено во градот Вухан и поширокото подрачје, но и во другите градови и региони во Кина.

– Засега не се организираат целосни евакуации на странски државјани од Пекинг и од другите делови на Кина. Во случај на нивно организирање Амбасадата на Република Северна Македонија навремено ќе ги информира македонските државјани што се наоѓаат на кинеска територија и ќе ги извести за потребната процедура – информираат од МНР.

Додаваат дека нашите државјани може и по сопствен аранжман самостојно да се вратат во земјата почитувајќи ги прописите од надлежните органи на секоја држава на транзитирање.