Во Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

150

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4 степени, бил почувствуван во делови од Македонија ноќеска околу и 3 часот и 29 минути по полноќ, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Од таму посочуваат дека земјотресот чиј епицентар се наоѓал во Албанија, 145 километри југозападно од Скопје, бил особено почувствуван во југозападните делови на Македонија со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.