Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат добија лек

64

Министерството за здравство информира дека вчера за првпат на Клиниката за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална мускулна атрофија тип 2 добија нов иновативен лек – рисдиплам, преку Програмата за милосрдие.

– Станува збор за лек кој е раствор за пер ос примена и пациентите ќе го примаат во домашни услови. Во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа науч. сор. д-р Иван Барбов, кој е директор на Клиниката и медицинска сестра Јасмина Коруновска. Спинална мускулна атрофија (СМА) е наследна болест на моторниот неврон и спаѓа во групата ретки болести. Според времето на почеток на болеста и клиничката слика се дели на 4 групи: СМА тип 1, 2, 3 и 4 – соопшти министерството.

Во земјава досега има дијагностицирано 14 пациенти. Од нив, седум пациенти се на возраст до 18 години со СМА тип 1 и 2. На денешен ден, минатата година, за првпат беше даден лекот нусинерсен (Спинраза) за оваа група на пациенти преку Програмата за ретки болести. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане Велковски. За возрасните пациенти досега немаше лек, додаваат од Министерството за здравство.