Водици годинава без скокање по крстот

88

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век.

Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Според православната традиција денес се осветуваат водите и се одржуваат манифестациите за фаќање на светиот крст. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.

Годинава за првпат денешниот празник се очекува да помине без традиционалното скокање по светиот крст, поради епидемијата со ковид-19.

Според најавите, денот ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во пресрет на празникот рече дека за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.