Воведена забрана за камиони на патниот правец Дебар-Струга

236

Од превентивни причини денеска во 16:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.