Владата ќе набави две нови термални камери

136

Владата на седница ја усвои информацијата за потребата за набавка на две термални камери, едната за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и едната како лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со коронавирусот и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката.

Со термалната камера може да се измери телесната температура кај луѓето од оддалеченост.

Исто така, на денешната седница, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.