Владата усвои протокол за работа на игротеките

52

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките.

– Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со ковид-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на ковид-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста – се наведува во соопштението.

Владата, исто така, ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија.

Исто така, на предлог на Комисијата, Владата го усвои предложениот протокол и препорача отпочнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките.