Владата одобри 44 милиони денари за спас на Преспанското Езеро

163

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро.

Владата ги задолжи надлежните институции да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Акцискиот план за Преспанското Езеро и во таа насока донесе одлука за одобрување првични средства од буџетот за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро.

Ваква одлука за одобрување средства во висина од 30.000.000 денари од буџетот за 2020 година донесе и за општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро.