Владата одобри девет милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“

53

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од Буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

Со оваа одлука, соопштија од Владата, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми ПМ2,5 честички и исто толку ПМ10 честички годишно.

– Со оваа одлука, студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати – велат од Владата.