Владата го осудува секој говор на омраза

70

Апсолутно Владата го осудува секој говор на омраза во Република Македонија без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини, на конгреси, на прес-конференции, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

-Секогаш сме го осудувале говорот на омраза и во овој случај го осудуваме-  потенцираше Бошњаковски, на новинарско прашање за  говорот на омраза од поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија  реис Сулејман Реџепи  упатен на церемонија на поставување камен темелник на џамија за што тој на својот фејсбук профил објави видео.