Викендов топло и сончево, попладне со дожд и грмежи

67

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.

И во недела во попладневните часови претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време.