Ване од Велес возеше велосипед до Брисел

137

Педесет и седумгодишниот Ване Михајловски на 5 септември замина од Велес за Брисел на велосипед, каде беше пречекан од амбасадорот на Република Македонија при НАТО Зоран Дабиќ.

Михајловски во изјава за „Нова Македонија“ вели дека се одлучил на овој потег со цел да пренесе две пораки, едната е за ракот, дека тој може да се победи, а другата е за престојниот референдум на 30 септември за како што вели подобро здравство и поквалитетен живот.

– Јас сум опериран од рак на дебелото црево. Кога слушнав за референдумот решив да ги спојам овие две работи За Европска Македонија, зашто верувам дека ако влеземе во ЕУ ќе имаме подобро здравство, како и за болните од рак, да не се предаваат, да продолжат да се борат, зашто луѓето кога ќе слушнат рак веднаш помислуваат на смрт. Но не е така, не треба да се падне, со физичката активност се исфрла киселоста која го храни ракот и треба што повеќе да се биде во природа, затоа што кислородот ги убива малигните клетки, вели Михајловски.