Бремените жени остануваат дома, на работа се враќаат оние кои беа на продолжено породилно отсуство

154

Владата ја информира јавноста дека на вчерашната четврта седница врз основа на заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесе соодветни одлуки меѓу кои, за враќање на работа и на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23 септември, имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.

Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство.

Претходно, Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа.

Една од одлуките на Владата се однесува и на враќање на работните места и вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести и тоа од среда 23 септември. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.