Ахмети – Дејвид Гир: Заслужуваме почеток на преговори

138

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети му кажал на европскиот амбасадор Гир дека Северна Македонија, односно владината коалиција е целосно посветена на агендата за интеграција на земјата во Европската Унија, што е и стратешка цел на државата.

За време на оваа средба, Ахмети и Гир се согласиле дека Република Северна Македонија прави силни напори да ги спроведе внатрешните реформи на најефикасен и сеопфатен начин.

Ахмети и Гир разговарале и за спорот со Бугарија.

– Ахмети му кажа на амбасадорот Гир дека моменталната состојба ќе се надмине преку вистински и многу конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и дека во овој поглед на земјата и треба олеснување од Европската Унија, слично на онаа со Грција. На крајот од оваа средба, претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети му кажа на евроамбасадорот, г. Дејвид Гир дека и Скопје и Софија мора да бидат многу внимателни во решавањето на овој спор и дека мора да се има предвид „колку повеќе историја, толку повеќе ќе има носталгија – се наведува во соопштението.