Апелација ќе решава по жалбите на осудените за „Диво Насеље“

95

Апелацискиот суд денеска и утре Скопје ќе решава по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље.

Основниот суд Скопје 1 од 2 ноември 2017 година за терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година донесе пресуда со која осудени беа 33 лица.

За време на тие настани беа убиени 8 припадници на македонските безбедносни сили, 10 членови на вооружената група и 30 лица беа ранети.

По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство неодамна изјави дека не пронашле „бомби“ за овој предмет.

-Има индиции во делот на тоа што и како се случувале кумановските настани, но сепак СЈО нема најдено разговори за да може да воспостави надлежност врз тој предмет. Се работи предистрага, но ќе биде многу тешко да се каже дали воопшто ќе се преземе тој предмет- рече своевремено Јанева.