Антикорупционерите ќе имаат увид и во имотот на функционерите во странство

132

На предлог на Министерството за правда, на денешната владина седница е прифатена информацијата според која Македонија ќе го потпише Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба.

Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери, вклучувајќи ги оние од правосудството, кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји.