Ангел Димитров: Тешко се работи со Македонците

1103

Ангел Димитров, копретседател на македонско-бугарската комисија за историски прашања и еден од авторите на „Бугарската политика спрема Република Македонија“ за Бугарската национална телевизија (БНТ) изрази песимизам за работата на комисијата, жалејќи се од македонските членови. 

– Не сум оптимист, особено имајќи предвид што се случува во Скопје во последно време. Зборовите на премиерот Заев, кои ги предизвикаа одредена надеж дека ќе има нов поглед кон минатото, од можноста да се излезе од создадената непријатна состојба и за двете држави, наидоа на сериозни критики дури и од членовите на заедничката комисија. Тоа е сигнал дека не очекува доста напрегната и не сосема резултатна работа. Тешко се работи со нашите колеги – изјави Димитров за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Димитров многу јасно кажа дека бугарската позиција е единствена, односно политичка монолитна.

– Прашање е што ќе се случи таму со ова несогласување, помеѓу кажаното на политичко ниво и оваа игра на независност, што нашите колеги се обидуваат да ја демонстрираат – рече бугарскиот историчар. 

Следната седница на македонско-бугарската комисија е закажана за утре и задутре и ќе се одржи онлајн.