„Амфора“ на оригинален начин го честита пристапувањето во НАТО

209

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на оригинален начин го одбележа пристапувањето на Македонија во НАТО, кое беше официјализирано на вчерашната церемонија во седиштето на Алијансата во Брисел.

Нуркачите под вода упатија честитка до македонските граѓани, прикажувајќи ги заедно знамињата на Македонија и на НАТО.

– Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид им го честита на сите граѓани официјалното пристапување на Македонија во Северноатланската алијанса – порачуваат од „Амфора“.