АМСМ: На Богородица и Табановце се чека до 30 минути за излез од државата

29

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.