Американска амбасада за химната: Грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти

776

Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по згрешената изведба на Тамара Тодевска на македонската химна на синоќешната прославата на Денот на независноста – 4 јули.

– Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Македонија. Разбираме дека грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби – објавија од амбасадата на „Твитер“.

Тамара Тодевска се извини за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава во амбасадата на САД во Скопје. Пејачката ја отпеа химната без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.