Адмирал Хакон Брун Хансен во посета на Македонија

168

Од денес, во дводневна официјална посета на Република Македонија претстојува висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, предводена од Началникот на ГШ на ВС, адмирал Хакон Брун Хансен.

Адмиралот Хансен, утре во министерството за одбрана и генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат: унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во генералштабот, адмиралот Хансен ќе оствари средба со Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Согласно агендата и протоколот, посетата на адмиралот Хансен на генералштабот на ден 13.08.2019 година ќе се одвива по следното:
– 08.50 часот – свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ (фото и видео инсерти);
– 09.00 часот – средба со НГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски (фото и видео инсерти);
– 09.20 часот – средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска (фото и видео инсерти);
– 09.35 часот – работен состанок со дел од клучниот персонал во ГШ на Армијата (фото и видео инсерти).