Одлуката за задолжителен негативен ПЦР или рапид-тест за влез во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19, воведена на 19 декември 2021 година, e продолжена за уште две седмици, до 24 јануари 2022 година. Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Македонија, јави МИА.

Новата министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар.

Нема промени во однос на невакцинираните патници, кои освен тестот направен претходно, задолжително ќе бидат тестирани и при влезот во Грција, мерка што веќе извесен период се применува, а важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија.