Фото: Игор Бансколиев

Во последните 24 часа, регистрирани се 91 нов случај на ковид-19 од направени 1.067 тестови, не е евидентиран ниту еден смртен случај, како во последното деноноќие така и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза квоид-19 од Мој Термин, а оздравеле 67 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните, од Скопје се 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1. Од вкупниот број позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции. Од 67 оздравени пациенти, од Скопје се 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Дистрибуција по градови

Заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.697, активни 257
Куманово 16.699, активни 15
Битола 15.745, активни 20
Прилеп 14.233, активни 9
Тетово 13.499, активни 11
Кавадарци 10.707, активни 7
Велес 9.806, активни 5
Гостивар 9.617, активни 4
Охрид 8.957, активни 19
Штип 8.088, активни 5
Струмица 8.084, активни 5
Кичево 5.658, активни 4
Кочани 5.103, активни 3
Струга 4.732, активни 2
Гевгелија 4.426, активни 1
Неготино 3.700, активни 0
Ресен 2.753, активни 1
Свети Николе 2.637, активни 0
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.419, активни 0
Делчево 1.986, активни 0
Берово 1.693, активни 0
Дебар 1.681, активни 0
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.396, активни 1
Пробиштип 1.268, активни 1
Богданци 1.022, активни 1
Кратово 966, активни 0
Крушево 931, активни 1
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 741, активни 2
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0