Фото: Илустрација

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за две лица кои не ги почитувале здравствените прописи и непостапиле според здравствени прописи за време на епидемија.

Едно од обвинетите лице, 68-годишна штипјанка, со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат била должна да почитува мерка за самоизолација започнувајќи од 23 март. Но, на 2 април го напуштила престојувалиштето каде требало да биде во самоизолација и отишла да пазари во маркет.

Вториот обвинет, со возило се движел низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата за да се сузбие ширењето на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот. Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на двајцата обвинети да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност. ​​