Сите граѓани кои се пријавиле за вакцинација ќе добијат термин во рок од две недели, почнувајќи од понеделник, порача министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

– Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, сите ќе добијат термин во период од следните две недели, по системот највозрасни, па помлади граѓани – рече Филипче.