Додека пред неколку дена првиот човек на Државниот инспекторат ја пофали Битола, како град во кој угостителите дословно ги почитуваат препораките и уредбите за неработење, деновиве битолските угостители повторно се најдоа на црната листа.

Имено, раководителката на инспекцискиот надзор, Мери Проја Продановска, денеска изјави дека инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд, утврдиле дека меѓу 22 непочитувања на владините мерки, пет се од Битола.

При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено.

Против нив врз основа на членовите 205 и 206 од Уредбата, за истите ќе бидат поднесени кривични пријави.

М.М.