Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 8 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 124, од кои 95 се наоѓаат на домашно, а 29 на болничко лекување.

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 78-годишна возраст.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 214 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 697. Ка.М.