Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45, Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15, Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево по 9, Кочани и Крива Паланка по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово по 4, Струга, Виница и Македонски Брод по 3, Струмица, Ресен, Крушево, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран по 2 и по еден заразен од Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и седум починати лица – 3 од Скопје (63, 67 и 83 години), две лица од Битола ( 66 и 83 години) и по едно починато лице од Куманово (79) и од Берово (69). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се пет починати лица во периодот од 2 октомври до 27 ноември. Починатите лица се од Скопје (двајца) и по едно од Битола, Велес и од Прилеп. Починатите лица се на возраст од 70 до 88 години. Сите пријавени се починати во домашни услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 543 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен  по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево по 7, Неготино и Демир Хисар по 6, Крива Паланка и Кратово по 5, Кичево и Богданци по 4, Струга – 3, Виница – 2 и по еден оздравен од Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран.

Направените 2.424 теста се преку: ИЈЗ – 332, ЦЈЗ Скопје – 77, ЦЈЗ Битола – 65, ЦЈЗ Прилеп – 39, ЦЈЗ Тетово – 11, ЦЈЗ Куманово – 62, лабораторија во болницата во Козле – 19, УК Пулмологија со алергологија – 2, Институт за микробиологија – 3, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 69, „Авицена“ – 151, „Биотек“ – 164, „Систина“ – 81, лабораторија „Лаор“ – 69, „Синлаб“ – 28, „Ремедика“ – 30, „Плодност“ – 40, „Генеа“ – 13, „Никоб лаб“ – 217, „ВФВ медикал“ – 25, „Ели медика“ – 22, „Ројал медика“ – 9, „Спектра-ММ“ – 12, „Рапид лаб“ – 1, „Жан Митрев Струмица“ – 9, „Нова лаб дијагностика“ – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.