Националната галерија ги затвори своите изложбени простори во согласност со препораките на Владата и се движи од галерискиот простор кон виртуелниот.

Постојаната поставка на Националната галерија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку платформата на следниот линк.

Од Националната галерија информираат дека започнуваат со нудење бесплатни платформи за симнување на дигитални форми на каталози и монографии од досегашни изложби, проекти и активности.

– Наскоро најавуваме и виртуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар. Во подготвка е и скорешна промоција на виртуелни работилници и уметнички игри за нашите најмали и најмили посетители, децата, кои ќе бидат изготвени од нашиот едуативен тим и ќе одговараат на различни возрасти на деца – дошколска и школска возраст, средно училиште и секако да не ги забораваме и најранливите категории – децата со посебни потреби – велат од Галеријата.

На 23 март во сите објекти на Националната галерија е извршена дезинфекција на изложбените и работните простории.