Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Oд таму додаваат дека вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

– Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 24 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, исто толку и на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за очни болести, тројца болни на Клиниката за Нефрологија и седум во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид-центарот во болницата 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника имало нови 11 приеми во тек на вчерашниот ден – се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 22 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на Клиниката за уво нос и грло 12 болни.

Во 8 Септември има вкупно 105 пациенти, на Клиниката за инфективни болести лежат 152 болни додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти, од кои 10 деца и 13 возрасни.

– Вкупно 437 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка – посочуваат од ресорното Министерство.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во 8 Септември.