фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие полициските службеници самостојно и во координација со Државниот пазарен инспекторат, на ниво на СВР-Охрид извршиле 150 контроли врз угостиотелски и други објекти, од кои само во Кичево 58, најмногу во овој дел од земјава.

Во истиот период полициските службеници издале и 39 прекршочни налози на физички лица од Кичево, за сторен прекршок спротивен на уредбата за носење на лична заштита на лицето. Моментано во општина Кичево во изолација се наоѓа 21 лице, а полициски службеници на ниво на СВР-Охрид извршиле 69 контроли врз овие лица. Моментно во Кичево само едно лице се наоѓа во самоизолација.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР-Кичево поднесе кривични пријави против К.Н. и Б.Н. двајцата од Кичево. Пријавените на 19 мај во 21.30 часот биле затекнати во движење на локалниот пат Кичево-Крушино, без да поседуваат соодветна дозвола издадена од надлежен орган. Тие не ја почитувале мерката за забрана на движење на населението за време на полициски час од 19 до 5 часот наутро, со цел спречување на ширење на ковид-19. З.А.