На скопската улица „Димо Хаџи Димов“ вчера за време на полицискиот час биле пронајдени тројца мигранти.

Станува збор за 24-годишник од Сирија, 33-годишен Палестинец и 35-годишник од Мароко кој скопската полиција ги забележала во патрола околу 19 часот.

Тие биле приведени во полициската станица Кисела Вода, за понатамошна постапка.