Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 3.561 тестирање, а регистрирани се 242 нови случаја на ковид-19: Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1 лице.

Регистрирани се 247 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10, Куманово и Ресен – по 9, Кавадарци – 8, Велес и Кочани – по 5, Крива Паланка и Виница – по 4, Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3, Гевгелија и Пробиштип – по 2, Струга, Свети Николе, Кратово, Богданци и Демир Хисар – по 1 лице.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 од Скопје (71 и 87) и по едно лице од Кавадрци (84), Охрид (72), Струга (74) и Ресен (80). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 99.552, активни 2.548
Куманово 13.169, активни 100
Тетово 11.439, активни 52
Прилеп 10.888, активни 321
Битола 9.390, активни 349
Гостивар 8.094, активни 20
Велес 7.538, активни 104
Кавадарци 7.496, активни 190
Охрид 6.886, активни 247
Штип 6.784, активни 83
Струмица 6.348, активни 146
Кичево 4.344, активни 64
Кочани 4.122, активни 40
Струга 3.954, активни 35
Гевгелија 2.979, активни 103
Неготино 2.653, активни 39
Свети Николе 2.157, активни 16
Крива Паланка 1.968, активни 30
Ресен 1.900, активни 86
Радовиш 1.824, активни 37
Берово 1.483, активни 10
Делчево 1.474, активни 30
Дебар 1.459, активни 1
Виница 1.180, активни 3
Пробиштип 1.144, активни 6
Валандово 1.054, активни 53
Кратово 791, активни 4
Богданци 693, активни 26
Демир Хисар 650, активни 16
Крушево 609, активни 11
Македонски Брод 546, активни 29
Демир Капија 438, активни 9
Македонска Каменица 430, активни 6
Пехчево 359, активни 0
Дојран 177, активни 3