Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 4 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 41, од кои 33 се наоѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 95 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 373 лица.

Ка.М.