Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот „Фајзер“ за набавка на лекот против ковид-19, но според министерот за здравство Беким Сали, тоа е процес и не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка – изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.

Протокол за лекување од ковид-19 постои, вели Сали, посочувајќи дека тој е напишан на повеќе од 35 страни од професори на Инфективна клиника и е на располагање на сите здравствени институции.

– Во период од две години тој има претрпено одредени измени, врз основа на сите соеви кои се појавиле кај нас. Да напоменам дека ние знаеме само околу четири соеви кај нас, а во светот се околу 50. Жалам што одредени лекари можеби не ги следеле овие постапки и дејствувале по кратки протоколи кои ги земале од соседни држави. Но и тоа не е грешка, да се следи пример од соседна држава која успешно се справува со пандемијата – изјави Сали.

На вчерашната седница на Комисијата, нагласи Сали, било разговарано како да се овозможи јавно достапен протокол за лекување, а тој да не биде злоупотребен