Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа е направен 6.141 тест, а регистрирани се 1.348 нови случаи на ковид-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47,  Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции.

Регистрирани се 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 109.826, Активни 8.609
Куманово 13.829, Активни 580
Прилеп 11.914, Активни 890
Тетово 11.726, Активни 266
Битола 11.103, Активни 1456
Гостивар 8.334, Активни 210
Кавадарци 7.976, Активни 413
Велес 7.887, Активни 317
Охрид 7.428, Активни 565
Штип 7.113, Активни 270
Струмица 6.669, Активни 321
Кичево 4.594, Активни 232
Кочани 4.309, Активни 159
Струга 4.115, Активни 162
Гевгелија 3.258, Активни 242
Неготино 2.827, Активни 157
Свети Николе 2.252, Активни 83
Крива Паланка 2.071, Активни 102
Ресен 2.079, Активни 166
Радовиш 2.014, Активни 180
Делчево 1.579, Активни 90
Берово 1.538, Активни 52
Дебар 1.477, Активни 16
Виница 1.220, Активни 34
Пробиштип 1.206, Активни 50
Валандово 1.193, Активни 134
Кратово 814, Активни 24
Богданци 757, Активни 57
Крушево 760, Активни 140
Демир Хисар 699, Активни 49
Македонски Брод 588, Активни 39
Демир Капија 454, Активни 18
Македонска Каменица 453, Активни 24
Пехчево 380, Активни 18
Дојран 190, Активни 7