Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи со ковид-19 и 85 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 93 новозаболени од Скопје се 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.

Од 85 оздравени пациенти од Скопје се 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а на активни случаи изнесува 602.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145.968, Активни 268
Куманово 16.649, Активни 13
Битола 15.503, Активни 127
Прилеп 14.181, Активни 34
Тетово 13.468, Активни 13
Кавадарци 10.663, Активни 20
Велес 9.779, Активни 14
Гостивар 9.594, Активни 11
Охрид 8.877, Активни 30
Струмица 8.069, Активни 7
Штип 8.035, Активни 13
Кичево 5.632, Активни 9
Кочани 5.079, Активни 2
Струга 4.722, Активни 4
Гевгелија 4.413, Активни 8
Неготино 3.681, Активни 2
Ресен 2.733, Активни 12
Свети Николе 2.624, Активни 0
Радовиш 2.530, Активни 1
Крива Паланка 2.414, Активни 1
Делчево 1.980, Активни 1
Дебар 1.674, Активни 1
Берово 1.661, Активни 2
Валандово 1.488, Активни 1
Виница 1.393, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.020, Активни 1
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 832, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1.